Тиверија во 1. коло гостува кај новајлијата Чешиново

Екипата на Тиверија во првото коло од Третата македонска фудбалска лига – Исток, ќе гостува кај новајлијата Чешиново од с. Чешиново. Фудбалскиот клуб по неколку сезони повторно ќе се натпреварува во ТМФЛ – Исток.

Тиверија минатата сезона до прекинот на првенството поради пандемијата со Ковид-19 заврши на петтото место на табелата со вкупно 16 освоени бодови. Слога од Виница до прекинот беше прва со 30 бодови и избори пласман во Втората лига – Исток.

АРХИВА

АРХИВА

Натпреварот меѓу Чешиново и Тиверија од Струмица ќе се игра во недела (20 септември) со почеток од 16:00 часот.

Comments are closed.