Спартмани во првото коло на домашен терен ќе се соочи со Овче Поле

Спартмани од с. Градско Балдовци во првото коло од Третата македонска фудбалска лига (ТМФЛ) – Исток, ќе се соочи со екипата на Овче Поле од Свети Николе. Гостите на овој натпревар ќе бидат фаворити за победа, поради подобрата и спремна екипа. Минатата сезона до прекинот поради Ковид-19, Овче Поле беше втор со три бода помалку од Слога од Виница која успеа да избори пласман во Втората лига – Исток. Минатата сезона Овче Поле важеше за фаворит за влез во ВМФЛ, а со сигурност ќе важи за фаворит и оваа сезона.

ФОТО: Струмица Сити

ФОТО: Струмица Сити

Спартмани до прекинот имаше освоено само три бода, и заврши на последното 11-то место. На десет одиграни натпревари минатата сезона, екипата од Градско Балдовци запиша девет пораз и една победа.

Натпреварот меѓу Спартмани и Овче Поле од Свети Николе се игра во недела (20 септември) со почеток од 16:00 часот.

Comments are closed.