Познати судиите за мечот меѓу РК Астраион и РК Радовиш

Ракометарите на Астарион вечерва во спортската сала „Парк“ во Струмица со почеток од 20:30 часот, ќе го пречекат РК Радовиш, во натпревар од 1. коло од Суперлигата на Македонија. Во овој натпревар гостите од Радовиш ќе бидат фаворити за победа. РК Радовиш е стабилен суперлигаш кои има одличен тим и ќе се бори за третото место во групата преку кое што ќе го обезбеди плеј-офот и сигурен опстанок.

Судии на овој меч ќе бидат Ѓорѓи Начевски и Славе Николов од Скопје, додека делегат на натпреварот ќе биде Камер Металари, исто така од Скопје. Натпреварот ќе се игра без присуство на публика, а истиот ќе може да се следи во живо на официјалната веб страница на РФМ, на платформата за Live Streaming.

АРХИВА

АРХИВА

 

Comments are closed.