Ѓоргиев Крумислав ќе ја дели правдата меѓу Беласица и Шкендија

Беласица во сабота на „Благој Истатов“ во Струмица во рамки на 5. коло ќе ја пречека Шкендија од Тетово. Ѓоргиев Крумислав од Штип ќе биде главен судија на овој натпревар, а негови помошници ќе бидат Караколев Никола и Саздовски Зоран, исто така од Штип. За четврт судија на натпреварот одреден е Ристовски Доне од Гевгелија. Делегат на натпреварот ќе биде Гелов Зоран од Кавадарци, додека контролор на натпреварот ќе биде Стојановски Драге од Куманово.

Натпреварот се игра без присуство на публика со почеток од 16:00 часот.

Беласица - Шкупи - 3. коло ПМФЛ 2

Comments are closed.