Во петок ќе биде одржана промоција за проект за новиот стадион на ФК Беласица – стадион „Благој Истатов“ во Струмица, проект кој е од огромна магнитуда, проект со кого Струмица ќе добие европски стадион, според сите ФИФА и УЕФА стандарди. Овој проект ќе биде крунисување на 100 годишната традиција на ФК Беласица и отпочнување на уште поуспешна етапа.
По тој повод, Претседателот на ФК Беласица Славчо Васков – Пинда ќе одржи прес-конференција во 12:00ч во ресторант Космополит Струмица, каде ќе приложи пообемни детали околу овој проект.
Во продолжение погледнете како ќе изгледа новиот стадион во Струмица, „Благој Истатов“.
Comments are closed.