РК Астраион во петок против РК Радовиш ја стартува новата сезона во Суперлига

Ракометарите на Астраион во петок со натпреварот од 1. коло против РК Радовиш, ќе ја започнат дебитанската сезона во Суперлигата на Македонија. За струмичкиот ракометен суперлигаш оваа ќе биде прва сезона во Суперлигата, додека РК Радовиш е стабилен прволигаш кој на овој натпревар ќе влезе како фаворит за победа.

АРХИВА

АРХИВА

Судии на овој натпревар ќе биде Ѓорѓи Начевски и Славе Николов од Скопје, додека делегат на натпреварот ќе биде Камер Металари од Скопје. Натпреварот ќе се игра без присуство на публика со почеток од 20:30 часот во спортската сала „Парк“ во Струмица. Натпреварот ќе може да се следи во живо на официјалната веб страница на РФМ.

Comments are closed.