Мечкаровски Димитар главен судија на мечот Борец и Академија Пандев

Академија Пандев во недела ќе гостува во Велес, каде во рамки на 5. коло од ПМФЛ ќе ги одмери силите со екипата на Борец. Мечкаровски Димитар од Скопје ќе биде главен судија на овој натпревар, додека негови помошници ќе бидат Петрески Горец од Скопје и Маркоски Слаѓан од Гостивар. За четврт судија на натпреварот одреден е Младеновски Дејан од Скопје. Делегат на натреварот ќе биде Путилин Иван од Скопје, додека контролот ќе биде Манојлоски Бранко од Тетово.

Натпреварот се игра без присуство на публика, со почеток од 16:00 часот.

Академија Пандев - Вардар - 2. коло ПМФЛ

Comments are closed.