ЖФК Тиверија Струмица ремизираше со ЖФК АС Јунајтед

Екипата на ЖФК Тиверија Струмица го запиша првото реми, откако во вчерашниот натпревар од 5. коло од Првата женска фудбалска лига одигра 1:1 со ЖФК АС Јунајтед, на гостински терен. Струмичките фудбалерки со оваа реми се трети на табелата со 13 бодови, два помалку од првите две екипи, ЖФК Каменица Саса и ЖФК Деспина Прилеп. Екипата на АС Јунајтед со 10 бодови е петта на табелата.

ЖФК Тиверија Струмица - ЖФК Скопје 2014 - 1. коло

Во следното коло ЖФК Тиверија на домашен терен ќе игра дерби натпревар со актуелниот шампион Каменица Саса, многу важен натпревар за струмички фудбалерки, додека АС Јунајтед ќе биде домаќин на ЖФК Речица.

Comments are closed.

Web