Во петок промоција на проектот за новиот стадион на Беласица – стадион „Благој Истатов“

„Почитувани претставници на медиумите,
На ден 11.09.2020 петок , Ве покануваме да присуствувате на промоција на проект за новиот стадион на ФК Беласица – стадион „Благој Истатов“ Струмица, проект кој е од огромна магнитуда, проект со кого Струмица ќе добие европски стадион, според сите ФИФА и УЕФА стандарди. Овој проект ќе биде крунисување на 100 годишната традиција на ФК Беласица и отпочнување на уште поуспешна етапа.
Подемот на ФК Беласица во последните 5 години од превземањето на Претседателот Славчо Васков – Пинда е несомнено голем, па со овој проект струмичка Беласица и градскиот стадион ќе бидат ставени на инфраструктурната фудбалската мапа на Балканот како една од најдобрите, гордо носејќи го името на фудбалската голманска икона Благој Истатов.
По тој повод, Претседателот на ФК Беласица Славчо Васков – Пинда ќе одржи прес-конференција во 12:00ч во ресторант Космополит Струмица, каде ќе приложи пообемни детали околу овој проект.
На овој настан поканети се и Градоначалникот на Општина Струмица г-дин Коста Јаневски како и Претседателот на Владата на Република Македонија г-дин Зоран Заев.
Спортски поздрав.“
Се вели во соопштението на ФК Беласица.

Comments are closed.