Синоќа започна Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ во Струмица

Градоначалникот Коста Јаневски вечерва го отвори 28-то издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ на отворена сцена во големиот градски парк.
-Актерот над актерите, големиот Ристо Шишков, повторно не собра на едно исто место, и покрај неговото долгогодишно физичко отсуство. Но неговата духовна присутност останува во спомените за него и за неговата раскошна актерска оставнина, но и во постоењето на фестивалот кој гордо го носи неговото име.119048062_3197905070262901_8386498859966750377_o 119131515_3197905173596224_1870559628145451870_o 119056278_3197905090262899_2056370514162710903_o
Во негова чест, но и во чест на сегашните актери, вечерва му се радуваме на стартот на 28-то издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“. За жал, годинава, поради пандемијата од Ковид – 19, претставите од фестивалската програма, наместо на сцените во струмичкиот храм на културата, ќе се одвиваат во Градскиот парк, а од истата причина, за единствената награда за високо актерско достигнување „Ристо Шишков“ ќе се натпреваруваат исклучиво домашни актери, што значи дека овојпат фестивалот ќе остане без предзнакот „меѓународен“, рече градоначалникот Јаневски.
Први на фестивалската сцена на отворено настапија актерите од претставата „Умри машки“ од Алдо Николај во режија на Кире Ѓоргиев, а во продукција на струмичкиот театар „Антон Панов“.

Comments are closed.