Работни единици од одделенијата „Комунална хигиена” и „Градско зеленило“ при јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец” започнаа акција за генерално чистење на Спомен Костурницата на ридот Самораница над градот. Со кастрење на гранките, тревите, збирање на сметот на пристапната патека како и негово целосно чистење, ЈПКД „Комуналец“ прави се, на овој споменик да му даде урбан изглед, овозможувајќи им на граѓани кои го посетуват овој прекрасен споменик да одмараат и рекреираат во убав урбан амбиент и да уживаат во прекрасниот поглед на градот и целата Струмичка котлина.
Comments are closed.