Во Струмица се одбележа 29 години – самостојност на државата

Со пригодна реч и положување на свежо цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев на  плоштадот во Стурмица беше одбележан денот од  29 години – самостојност на државата.DSC_8470 DSC_8485 DSC_8501 DSC_8503 DSC_8504 DSC_8510

,,Денес одбележавме 29 години – самостојност, 29 години – независност, 29 години сувереност и исто толку години стремеж кон поубавото утре. Осми септември е еден од тие датуми со кои премостуваме далечни и блиски временски дистанци. Тоа е денот кога со право го прегрнуваме најбележитиот датум од поновата историја на нашата татковина. Тоа е денот кога нашата татковина, благодарение на волјата на нејзините граѓани, избори статус на независна држава.
Станавме земја членка на НАТО, а се наоѓаме и пред почетокот на преговорите за членство во ЕУ. Се надевам дека догодина, на одбележувањето на 30-годишнината од нашата независност, ќе бидеме единствени во констатацијата дека татковината бележи прогрес и на внатрешен и на надворешен план, и на сите можни полиња од нашето општествено живеење.
Нека ни е честит денешниот светол празник. Нека ни е вековита независноста на Република Северна Македонија.” -изјави градоначалникот Коста Јаневски.

Comments are closed.