Фудбалерките на ЖФК Тиверија Струмица запушаа убедлива победа и во 4. коло, откако со високи 7:0 ја декласираа екипата на ЖФК Атлетико. ЖФК Тиверија има одличен старт во новата сезона и со максимални 12 бодови е на делба на првата позиција со Деспина од Прилеп и шампионот Каменица Саса.
Во следното коло ЖФК Тиверија ќе гостува кај екипата на ЖФК Ас Јунајтед која со девет бодови е на делба на четвртото место.
Comments are closed.