РК Астраион подобар во тест натпреварот со РК Вардар Неготино

Новиот суперлигаш РК Астраион од Струмица одигра контролен натпревар со прволигашот Вардар од Неготино, во кој струмичани беа подобри со 30:27. Астраион за прв пат во своето пет годишно постоење ќе се натпреварува во Суперигата. Струмичките ракометари се сместени во Групата А, каде ќе се соочат со екипи на Охрид, Струга, Тинекс Пролет, Радовиш, Јуниор Кисела Вода и Голден Арт КЛ7. Во првото коло од новата сезона, Астраион на домашен терен ќе го пречека Радовиш.

АРХИВА

АРХИВА

Comments are closed.