ЖФК Тиверија Струмица стигна до третата победа во Првата женска фудбалска лига, совладувајќи ја екипата на ЖФК Топ Гол на гостински терен со високи 0:9. Фудбалерките на Тиверија го задржаа максималниот ефект и се наоѓаат на делба на првото место со Деспина од Прилеп и шампионот Каменица Саса со по 9 бодови.
Три екипи се уште немаат освено бодови, тоа се ЖФК Кочани, ЖФК Љуботен и ЖФК Плачковица од Радовиш.
Во следното коло ЖФК Тиверија Струмица на домашен терен ќе се соочи со ЖФК Атлетико, екипа која се наоѓа на 12-тото место со само 1 освоен бод.
Comments are closed.