5 години РК Астраион

Суперлигашот Астраион од Струмица денес го слави својот петти роденден од неговото формирање. Клубот кој што беше формиран во 2015 година, од пионерска екипа за четири сезони успеа да обезбеди место во Суперлигата на Македонија.

РК Астраион - екипа РОДЕНДЕН

За РК Астраион оваа ќе биде дебитанска сезона во Суперлигата, бидејќи за прв пат ќе се натпреварува во најсилното по ранг ракометно натпреварување во нашата држава. Ракометарите на Астраион ќе се натпреваруваат во групата А, заедно со екипите на Охрид, Тинекс Пролет, Струга, Радовиш, Јуниор Кисела Вода и Голден Арт КЛ7.

Струмичкиот суперлигаш сезоната ќе ја отвори на домашен терен против Радовиш. Сезоната треба да започне на 12 септември.

РК Астраион - РОДЕНДЕН

Comments are closed.