ЖФК Тиверија Струмица ја декласираше екипата на ЖФК Топ Гол

ЖФК Тиверија Струмица продолжува со убедливите победи во новата сезона, а денес на гостински терен со високи 0:9 ја декласираше екипата на ЖФК Топ Гол, во натпревар од 3. коло од Првата женска фудбалска лига. Димоска беше најдобар стрелец со постигнати четири погодоци, Бошеска два пати ја затресе противничка мрежа, Ристовска, Николовска и Велкова С. постигнаа по еден погодок.

ЖФК Тиверија Струмица - ЖФК Топ Гол, 3. коло

ЖФК Тиверија настапи со следниот состав: Панчурова, Бошеска, Недева, Николова, Ѓорѓиева, Ристовска (к), Велкова С, Панеска, Велкова Р, Николовска, Димоска. Во игра влегоа и Головска, Јосифова, Јованова, Цунева, Михајлова.

Во следното 4. коло, ЖФК Тиверија ќе игра дома со ЖФК Атлетико, додека ЖФК Топ Гол ќе биде домаќин на ЖФК АС Јунајтед.

Comments are closed.