Беласица ќе одигра контролен натпревар со Саса

Репрезентативната пауза неколку прволигаши меѓу кои и струмичка Беласица, ќе ја искористат за да одиграат пријателски натпревари. Екипата на Беласица ќе одигра еден пријателски натпревар со второлигашот Каменица Саса. Натпреварот ќе се игра на „Благој Истатов“ во Струмица, во сабота со почеток од 16:30 часот.  Пелистер ќе се тестира со  Партизани од Тирана, додека во Скопје ќе се тестираат Македонија ЃП и Работнички.

Беласица - Шкупи - 3. коло ПМФЛ 2

Comments are closed.