ЖФК Тиверија Струмица во 3. коло од Првата женска фудбалска лига ќе се соочи со екипата на ЖФК Топ Гол на гостински терен. Фудбалерките на Тиверија во првите две кола запишаа две убедливи победи. Во првото коло славеа со 1:3 над Скопје 2014, додека во второто коло со 10:0 го декласираа Борец од Велес.
Покрај ЖФК Тиверија Струмица која има максимален ефект од шест бодови, исто така, максимален ефект од 6 бодови имаат и АС Јунајтед, шампионот Каменица Саса и ЖФК Деспина од Прилеп.
Comments are closed.