Алчевски и Крстовски од Академија Пандев во тимот на 4. коло според Макфудбал

МАКФУДБАЛ го издвои најдобриот тим на 4. коло од Првата македонска фудбалска лига, а во него се најдоа двајца играчи на Академија Пандев. Станува збор за Марко Алчевски и Марио Крстовски.

МАКФУДБАЛ - тим на 4. коло - ПМФЛ

Во најдобриот тим на 4. коло се најдоа и Филип Ристовски од Борец, Стефан Лазаревиќ од Вардар, Стојан Стојчевски од Борец, Дарко Глишиќ од Шкупи, Оливер Пеев од Борец, Сефер Емини од Македонија ЃП, Дарко Мицевски од Вардар и Пепи Ѓоргиев од Силекс.

Најмногу играчи во тимот на 4. коло има екипата на Борец, вкупно три.

 

Comments are closed.