Беласица поразена од Македонија ЃП

Беласица го доживеа четвртиот пораз во ПМФЛ оваа сезона откако загуби со 2:1 на гостувањето во Ѓорче Петров. Македонија ЃП стигна до втората победа во новата сезона. Домаќините први го отворија резултатот со голот на Сефер Емини. Струмичани веднаш го израмнија резултатот на 1:1, а стрелец на голот беше Каланоски, кој воедно е првиот сезонски гол за Беласица. Во 36. минута од натпреварот Божиновски стрелаше прецизно за 2:1. До крајот на натпреварот мрежите мируваат.

Македонија ЃП - Беласица 4. коло 2

Македонија ЃП по четири одиграни натпревари собра шест бодови, додека струмичка Беласица без освоени бодови е закована на дното од табелата. Следува репрезентативната пауза, а по неа се игра и 5. коло, во кое Беласица на домашен терен ќе има тешка задача со Шкендија, додека Македонија ЃП ќе гостува во Битола кај Пелистер.

Comments are closed.