Академија Пандев подобра од Струга ТЛ, „пандевци“ до прва победа во ПМФЛ

Екипата на Академија Пандев конечно ја запиша првата сезонска победа во Првата македонска фудбалска лига, откако со 1:0 на „Благој Истатов“ беа подобри од Струга Трим Лум. Единствениот гол за „пандевци“ го постигна Марио Крстовски во 85. минута од натпреварот.

Академија Пандев - Струга Трум Лум - 4. коло

Следува репрезентативната пауза, па по две седмици ќе продолжи ПМФЛ со натпреварите од 5. коло, а тогаш Академија Пандев ќе гостува кај Борец во Велес, додека Струга Трим Лум на домашен терен ќе го дочека Силекс.

Comments are closed.