ОФИЦИЈАЛНО: Медин Бајрами нов играч на Беласица

Струмичка Беласица се засили со нов играч, станува збор за Медин Бајрами. Младиот 22-годишен одбранбен играч во Струмица доаѓа од словенечката екипа Марибор, каде ги помина сите младински категории. Бајрами се очекува да дебитира в сабота против Македонија Ѓорче Петров.

Беласица во првите три кола запиша три порази и без бодови и постигнат гол се наоѓа на последното место на табелата.

Медин Бајрами - Беласица

Comments are closed.