ОК Џио Струмица: Бесплатни уписи за новата одбојкарска сезона

Одбојкарскиот клуб Џио од Струмица започнува со уписи за новата одбојкарска сезона, во прилог соопштението на клубот од нивната официјална фејсбук страница.

Џио Струмица - уписи

Со новата учебна година почнуваат и новите БЕСПЛАТНИ уписи за новата одбојкарска сезона за нашите најмали шампиони! Уписите ќе бидат за деца родени 2013та година и постари!
Сите наши членови ќе имаат бесплатни тренинзи во Спортската сала Партизан и Спортската сала Парк.
Тренинзите ќе се одвививаат во најпознатата одбојкарска школа во Македонија, струмичката школа на ОК ЏИО Струмица под менторство на тренерот Кирил Ричлиев!
На нашите членови ќе им бидат организирани бесплатни натпревари и турнири и сите членови добиваат БЕСПЛАТНА опрема за тренирање и натпреварување.
Уписите се во тек!
тел: 078 333 015, 071 395 237, 078 510 918, 070 842 867

Comments are closed.