Величков ќе ја дели правдата на мечот Академија Пандев – Струга ТЛ

Величков Боби ќе ја дели правдата на мечот меѓу Академија Пандев и Струга Трум Лум, кој се игра на „Благој Истатов“ во Струмица, во рамки на 4. коло од Првата македонска фудбалска лига. Негови помошници ќе бидат Новачев Петар од Велес и Гонев Илија од Неготино. За четврт судија на натпреварот делегиран е Иванов Игор од Велес. Делегат на натпреварот ќе биде Чубриновски Златко од Скопје, додека контролот Стојчевски Миле, исто така од Скопје.

Академија Пандев - Вардар - 2. коло ПМФЛ

Натпреварот се игра со почеток од 16:30 часот, без присуство на публика, а истиот ќе може во живо да се следи на tv.ffm.mk.

Comments are closed.