ЖФК Тиверија Струмица ќе гостува кај ЖФК Топ Гол

Екипата на ЖФК Тиверија Струмица во 3. коло од Првата женска фудбалска лига ќе гостува во Битола кај ЖФК Топ Гол. Фудбалерките на Тиверија одлично ја започнаа новата сезона, во првите две одиграни кола запишаа две победи. Во првото коло со 1:3 славеа на гостувањето кај ЖФК Скопје 2014, додека во второто коло на домашен терен со 10:0 го декласираа ЖФК Борец од Велес. Од друга страна, екипата на ЖФК Топ Гол во првото коло на домашен терен запиша убедлива победа од 10:0 над ЖФК Љуботен, додека во второто коло загуби катастрофално со 8:0 од Скопје 2014 на гостински терен.

ЖФК Тиверија Струмица - ЖФК Скопје 2014 - 1. коло

АС Јунајтед ќе биде домаќин на Скопје 2014, Речица ќе се соочи со Љуботен на домашен терен, Плачковица во Радовиш ќе игра со Шкендија, Истатов ќе ја пречека Деспина од Прилеп, Шкупи 2014 на домашен терен силите ќе ги одмери со шампионот Каменица Саса и Борец на домашен терен ќе се соочи со Атлетико.

 

Comments are closed.