Беласица гостува кај Македонија ЃП

Екипата на Беласица во сабота ќе гостува во Ѓорче Петров, каде ќе ги одмери силите со Македонија ЃП, во натпревар од 4. коло од Првата македонска фудбалска лига. Беласица на досегашните три лигашки натпревари, нема освоено ниту еден бод, но, исто така, нема постигнато ниту еден погодок. Од друга страна, „лавовите“ имаат една победа и два порази, со вкупно 3 освоени бодови се наоѓаат на деветтото место на табелата.

Беласица - Шкупи - 3. коло ПМФЛ 2

Натпреварот се игра со почеток од 16:30 часот, без присуство на публика, а истиот ќе може да се следи во живо на tv.ffm.mk.

Comments are closed.