Академија Пандев ја пречекува Струга

Академија Пандев во 4. коло од Првата македонска фудбалска лига, на домашен терен ќе се соочи со екипата на Струга Трим Лум. „Пандевци“ имаат лош старт оваа сезона, се уште се без освоен бод, а црната серија без победа се зголеми на 15 натпревари, од друга страга стружани сезонава запишаа реми, пораз и победа, па со 4 освоени бодови се на осмата позиција на табелата. Натпреварот се игра со почеток од 16:30 часот, на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица, без присуство на публика, а истиот ќе може да се следи на tv.ffm.mk.

Академија Пандев - Вардар - 2. коло ПМФЛ

Comments are closed.