Струмичките прволигаши, Беласица и Академија Пандев заковани на дното од табелата

Струмичките прволигаши Беласица и Академија Пандев се уште без освоени бодови во новата сезона од Првата македонска фудбалска лига. Двете екипи ги одиграа првите три кола, но и без постигнати голови.

Академија Пандев никако да ја прекине серијата без победа на последните 15 натпревари. Во новата сезона, „пандевци“ загубија од Пелистер во 1. коло со 1:0, во второто на домашен терен загубија од Вардар со 0:1, додека во 3. коло загубија и во Тетово со 2:0 од Ренова.

Беласица - Шкупи - 3. коло ПМФЛ 2

Беласица сезоната ја започна со катастрофалниот пораз од 0:6 од Силекс во Струмица, во второто коло загубија на гостувањето во Скопје кај Работнички со 2:0, додека во третото коло Беласица загуби со 0:2 од Шкупи.

Во следното, 4. коло, Академија Пандев ќе игра дома против Струга Трим Лум, додека Беласица ќе има тешко гостување во Скопје, кај екипата на Македонија ЃП.

3. коло ќе биде комплетирано денес со натпреварите меѓу Пелистер – Работнички, Струга ТЛ – Борец и Вардар – Силекс.

Comments are closed.