Синоќа, со проекција на Медена земја под строги здравствени протоколи заврши втората недела од СОФ 2020. Дел од публиката беше и Атиџе Муратова – жената која го шармираше Холивуд со успешниот документарец „Медена земја“. Таа ја посети Струмица по повод проекцијата на филмот и заедно со градоначалникот Коста Јаневски под отворено небо уживаа во фестивалската програма.
Како дел од петдневниот филмски маратон беа прикажани 4 краткометражни и 3 долгометражни филмови од домашни автори, како и детска програма.
Comments are closed.