Ренова ја забележа првата сезонска победа во ПМФЛ, откако на домашен терен со сигурни 2:0 беше подобра од Академија Пандев. Екипата од Џепчиште резултат го отвори во 4. минута од натпреварот со голот на Ремзифаик Селмани, а вториот гол за Ренова го постигна Јашаровски во судиското продолжение. Ренова со пет бода се искачи кон горниот дел од табелата, додека Академија Пандев со три порази и без постигнат гол останува на дното од табелата заедно со Беласица.
Во следното коло Академија Пандев во Струмица ќе ја пречека Струга Трим Лум, во нов обид за прва сезонска победа, додека Ренова ќе гостува во Кратово кај Силекс.
Comments are closed.