Шкупи со два гола во финишот ја сруши Беласица

Беласица го запиша третиот пораз во низа во ПМФЛ, откако денес во Струмица загуби од Шкупи со два гола во финишот. Струмичани беа на добар пат да дојдат до бод, но Дембо Дарбое ја реши Беласица откако најпрво од пенал донесе водство од 0:1 во 91. минута од натпревар, за по две минути повторно да ја погоди противничката мрежа за конечни 0:2.

Беласица - Шкупи - 3. коло ПМФЛ 2

Дефинитивно овој трет пораз го вклучува „алармот“ кај струмичани, доколку Беласица сака опстанок во Првата лига. Колку за потсетување, претходно објавивме дека Беласица се засили со Филип Михаилов, но, дефинитивно ростерот ќе треба да биде дополнително засилен. Во следното, 4. коло, Беласица повторно ќе има тежок натпревар, ќе гостува кај Македонија ЃП, додека Шкупи ќе го пречека Пелистер.

Колото продолжува утре, каде Македонија ЃП ќе се соочи со Шкендија, а Ренова во Тетово ќе игра против Академија Пандев. Во недела, Пелистер ќе биде домаќин на Работнички, Струга ТЛ на домашен терен ќе се соочи со Борец, а Вардар силите ќе ги одмери со Силекс.

Comments are closed.