Арбен Тафа си замина од Беласица

Искусниот штопер, Арбен Тафа, кој беше претставен како големо засилување за екипата на Беласица, си замина по само две кола од Првата македонска фудбалска лига. Тафа во Струмица пристигна од екипата на Струга Трим Лум, но поради лични причини се решил за прекин на соработката. Како што дознава Струмица Сити, следните денови во Беласица ќе пристигне ново засилување.

Арбен Тафа

Comments are closed.