Беласица на домашен терен ќе се соочи со Шкупи

Беласица во петок го отвара 3. коло од Првата македонска фудбалска лига, со натпреварот против Шкупи на „Благој Истатов“ во Струмица. Беласица има катастрофален старт каков што не се очекуваше. Во првото коло беа декласирани од Силекс на домашен терен со високи 0:6, додека во Скопје кај Работнички загуби со 2:0.

Беласица - Силекс - 1. коло ПМФЛ во Струмица 2

Амбициозниот Шкупи ќе важи за апсолутен фаворит на овој натпревар, кој во првите две кола запиша реми со Шкендија и победа сигурна победа од 3:1 над Македонија ЃП. Беласица дефинитивно ќе треба многу да се подобри, па дури и да го засили играчкиот кадар, доколку сака опстанок во елитата.

Натпреварот се игра со почеток од 17:00 часот, без присуство на публика, а истиот ќе може во живо да се следи на tv.ffm.mk

Comments are closed.