Академија Пандев во Тетово против Ренова

Екипата на Академија Пандев ќе гостува во Тетово, каде во рамки на 3. коло од ПМФЛ, ќе се соочи со Ренова. Тешко гостување за струмичани по лошиот старт во новата сезона. „Пандевци“ заедно со струмичка Беласица се единствените екипи кои се уште немаат освено бодови. Ренова во двете кола ремизираше и со два бода се наоѓа на деветтата позиција на табелата.

ФОТО: Струмица Сити - АРХИВА

ФОТО: Струмица Сити – АРХИВА

Академија Пандев со сите сили ќе оди на три бода, бидејќи на последните 14 првенствени натпревари немаат победа. Од друга страна Ренова ќе се обиде на домашен терен да ја запише првата сезонска победа во новата сезона.

Натпреварот се игра сабота со почеток од 17:00 часот.

Comments are closed.