„На ден 14.08.2020, Петок, беше извршено тестирање за Ковид-19 на сите фудбалерки и стручниот штаб на ЖФК Тиверија Струмица. Резултатите од тестирањето се НЕГАТИВНИ и Тиверијанките се спремни за почеток на новата сезона. Благодарност до ФФМ за финансирање на тестовите за Ковид-19 на Прва Женска Фудбалска Лига“, истакнаа од ЖФК Тиверија Струмица на нивната официјална фејсбук страница.
ЖФК Тиверија во првото коло од новата сезона во Првата женска фудбалска лига, ќе се соочи со екипата на ЖФК Скопје 2014 на гостински терен.
Comments are closed.