Академија Пандев загуби од Вардар во Струмица

Екипата на Академија Пандев го запиша вториот пораз во новата сезона, откако денес на „Благој Истатов“ загуби од Вардар со 0:1, во меч од 2. коло. Голем хендикеп за Академија Пандев беше вториот жолт картон на голманот Марко Алчевски, кој во 62. минута интервенираше надвор од казнениот простор, по што доби црвен картон. Единствениот гол на натпреварот го постигна искусниот Дејан Блажевски од пенал. Црвен картон имаше и кај екипата на Вардар во 90. минута од натпреварот, каде Попзлатанов за десет минути доби два жолти картони, но сепак тоа не влијаеше врз играта и конечниот резултат.

Академија Пандев - Вардар - 2. коло ПМФЛ

Борец одигра 1:1 со Ренвоа, Шкендија ја запиша првата сезонска победа откако со 2:0 славеше над Струга ТЛ, Шкупи сигурен со 3:1 над Македонија ЃП. Во петокот Силекс и Пелистер ремизираа играјќи 2:2, додека вчера Работнички со 2:0 беше подобар од Беласица.

Во следното коло Академија Пандев ќе гостува во Тетово кај Ренова, додека Вардар ќе игра дома со Силекс.

Во однос на табелата Силекс е лидер на табелата со 4 бодови, исто толку бодови имаат и Шкупи, Шкендија, Пелистер и Борец, додека Работнички како шестти, Вардар и Македонија ЃП имаат по три бодови. Ренова е деветта со 2 бодови, Струга Трим Лум со 1 бод се наоѓа на десеттото место, Академија Пандев со нула бодови е претпоследна, а исто без бодови е и екипата на Беласица која е на последното 12-то место.

Comments are closed.