Работнички лесно до победа против Беласица

Работнички дојде до посакуваната победа и три бода, откако со 2:0 на домашен терен ја совлада Беласица, во натпревар од 2. коло од Првата македонска фудбалска лига. Домашните фудбалери одиграа одлични 90 минути. Двата гола за „романтичарите“ ги постигна Фахрудин Ѓурѓевиќ. Беласица повторно потфрли и одигра лош натпревар, со што го запиша вториот пораз во ПМФЛ. Струмичкиот прволигаш дефинитивно ќе треба да работи за следните натпревари, па можеби и да го засили играчкиот кадар, бидејќи Првата лига е далеку посилна од второлигашката конкуренција.

ФОТО: Струмица Сити

ФОТО: Струмица Сити

Во следното коло Беласица на домашен терен ќе игра против Шкупи, додека Работнички ќе патува во Битола, каде ќе се соочи со Пелистер.

 

Comments are closed.