РК Астраион ги започна подготовките за дебитанската сезона во Суперлигата

Ракометниот клуб Астраион ги започна подготовките за дебитантската сезона во Ракометната Суперлига. Струмичките ракометари како млада екипа за 5 години од нивното формирање успеа да обезбедат влез во најсилното ракометно натпреварување во нашата држава. Екипата е составена од сопствени играчи, која ќе биде потпогната од искусните Мите Караиванов и Александар Тренчевски, кој ќе ги бранат боите на струмичкиот суперлигаш. Во екипата се приклучува и Славе Јанковски кој доаѓа од Вардар Јуниор. Тренерското трио останува исто, Пандев Мики, Паденов Пепи и Пиличев Александар.

РК Астраион во новата сезона од Суперлигата ќе се натпреварува во Група А, со екипите на Струга, Јуниор К.В., Голден Арт – КЛ7, Охрид, Радовиш и Пролет. Во првото коло струмичките ракометари на домашен терен ќе го пречекат Радовиш. Во оваа група главни фаворити за првите две места се Охрид и Пролет. Сезоната започнува на 12 септември.

 

 

Comments are closed.