Струмичките прволигаши, Беласица и Академија Пандев со пренос на МРТ1

Беласица во сабота гостува на Националната Арена „Тодор Проески“ каде силите ќе ги одмери со Работнички, во рамки на 2. коло од Првата македонска фудбалска лига. Овој натпревар се игра со почеток од 17:00 часот и ќе биде пренесува во живо на МРТ1.

Академија Пандев во недела во Струмица на „Благој Истатов“ ќе го пречека актулениот првак Вардар, каде ќе ги одмерат силите во натпревар од 2. коло. Натпреварот се игра со почеток од 17:00 часот, и истиот ќе биде пренесува во живо на МРТ1.

Останатите натпревари, кои нема да бидат пренесуват на МРТ1, ќе може да се следат во живот на tv.ffm.mk.

ФОТО: Струмица Сити - АРХИВА

ФОТО: Струмица Сити – АРХИВА

Comments are closed.