Ецкоски ќе ја дели правдата меѓу Работнички и Беласица

Беласица во сабота ќе гостува во Скопје, каде на Националната Арена „Тодор Проески“ ќе се соочи со екипата на Работнички. Главен судија на овој натпревар ќе биде Ецкоски Марјан од Охрид, негови помошници ќе бидат Лозаноски Злате и Дрнковски Николче од Битола. Четврт судија на натпреварот ќе биде Трпчевски Стојанче од Кавадарци. Делегат на натпреварот ќе биде Асани Алајдин од Градец, додека Јакимовски Делчо од Скопје ќе биде контролор на натпреварот. Поради пандемијата со Ковид-19 натпреварот ќе се игра без присуство на публика, а истиот ќе биде пренесуван во живо на МРТ1.

 

Беласица - Силекс - 1. коло ПМФЛ во Струмица 2

Comments are closed.