Дербито меѓу Академија Пандев и Вардар ќе го суди Смоквоски Кирил

Академија Пандев во недела во Струмица ќе одигра дерби натпревар со актуелниот првак Вардар. Главен судија на овој натпревар ќе биде Смоквоски Кирил од Припеп. Помошници на Смоквоски ќе бидат Костоски Зоран и Смилкоски Марјан исто така од Прилеп, додека четврт судија на натпреварот ќе биде Гоцевски Марјан од Струмица. За делегат на натпреварот одреден е Ибиши Сулејман од Тетово, додека за контролор Манојлоски Бранко исто така од Тетово. Натпреварот се игра со почеток од 17:00 часот, без присуство на публика. Дербито од Струмица ќе може да се следе во живо на МРТ1.

ФОТО: Струмица Сити - АРХИВА

ФОТО: Струмица Сити – АРХИВ

Comments are closed.