Избор на МАКФУДБАЛ – Играч на колото во Првата лига: Љупчо Дориев од Шкендија

Шкендија извлече реми на Чаир (2-2) против Шкупи иако по првиот дел имаше негатива од два гола. Во првиот првенствен меч во дресот на Шкендија, Дориев покажа дека е врвно засилување. Речиси самиот го извлече тимот од непријатната ситуација, постигна гол и забележа асистенција до Валон Ахмеди за израмнување на резултатот.

Љупчо Дориев - Шкендија

Струмичанецот покажа дека одлично се вклопува во новата средина уште од самиот старт и ќе биде една од најважните алки на Шкендија во новиот шампионат на Македонија. Се очекува да профункционира и тандемот со Бесарт Ибраими од кој многу очекуваат и стручниот штаб и навивачите на тетовскиот тим.

Љупчо Дориев со прикажаната игра го заслужи епитетот најдобар играч на 1.коло во Првата лига (сезона 2020/21) во изборот на МАКФУДБАЛ, иако имаше голема конкуренција и во напаѓачот на Шкупи, Дембо Дарбо кој беше двоен стрелец за тимот од Чаир.

 

Comments are closed.