Фудбалерите на Беласица во сабота гостуваат во Скопје, каде на „Тодор Проески“ ќе се соочат со Работнички. Во претходното коло Работнички во судиското надополнување прими гол од Македонија ЃП и загуби со 2:1, па „романтичарите“ останаа без бод, додека Беласица одигра лош натпревар во кој загуби со убедливи 0:6 од Силекс во Струмица. Работнички ќе се обиде да дојде до победа и трите посакувани бодови во новата сезона, а домашниот терен ќе им биде мотив плус, што од друга страна Беласица ќе се соочи со тешко гостување во борбата за трите бода.
Натпреварот се игра со почеток од 17:00 часот на „Тодор Проески“ Арената во Скопје, а истиот во живо ќе може да се следи на МРТ1.
Comments are closed.