Академија Пандев во Струмица против Вардар

Екипата на Академија Пандев во недела ќе го пречека актуелниот првак Вардар во Струмица, во рамки на 2. коло од Првата македонска фудбалска лига. Двете екипи со минимални порази од по 1:0 ги загубија натпреварите од 1. коло. Вардар беше поразен на домашен терен од Борец со 0:1, додека Академија Пандев загуби на гостувањето во Битола, со минимални 1:0 од Пелистер.

ФОТО: Струмица Сити - АРХИВА

ФОТО: Струмица Сити – АРХИВА

Вардар е значително послаб од претходната сезона, а против Борец одигра блед натпревар, па ова ќе биде одлична можност „пандевци“ да го искористат домашниот терен и да дојдат до посакуваните три бода. Натпреварот се игра со почеток од 17:00 часот, и истиот можете да го следите во живо на мрт1.

Comments are closed.