Преглед на 1. коло ПМФЛ – Порази на струмички прволигаши, Беласица и Академија Пандев

Викендот стартуваше новата сезона во Првата македонска фудбалска лига, а 1. коло беше отворено во саботата со натпреварот меѓу актуелниот првак Вардар и Борец. Гостите од Велес со минимални 0:1, иако имаа шанси и за повеќе голови запишаа победа над Вардар среде Скопје. Во неделата беа одиграни и останатите натпревари. Во Битола, Академија Пандев запиша минимален пораз од 1:0 од повратникот во „елитата“ Пелистер, Беласица со дебакл ја започна сезоната во Првата лига, откако на домашен терен прими дури шест голови од кратовски Силекс. Кратовчани уште еднаш ги најавија високите цели за новата сезона, со што се наметнуваат како главни фаворити за нови шампиони. Ренова на домашен терен одигра нерешено (0:0), додека на Чаир, Шкупи од 2:0 на полувреме на крај ремизираше 2:2 со Шкендија. Спасители на тетовци беа Дориев и Ахмеди. Македонија ЃП со голот на Адем во судиското продолжение ги доби посакуваните три бода против градскиот ривал Работнички.

Беласица - Силекс - 1. коло ПМФЛ во Струмица 2

Во однос на табелата, Силекс е лидер со три бода, а по три бодови имаат и Македонија ЃП, Пелистер и Борец, по еден бод имаат Шкупи, Шкендија, Ренова и осмопласираната Струга Трим Лум. Работнички, Вардар, Академија Пандев и последнопласираната Беласица имаат по нула бодови.

Во следното коло Академија Пандев во Струмица на домашен терен ќе го пречека актуелниот првак Вардар, Беласица ќе гостува во Скопје, каде ќе се соочи со Работнички, Борец во Велес ќе ја пречека Ренова, Шкендија во Тетово силите ќе ги одмери со Струга Трим Лум, Шкупи на домашен терен ќе се соочи со Македонија ЃП, додека Силекс во Кратово ќе игра со Пелистер, кој што натпревар најверојатно ќе биде одигра неколку дена порано, поради настапот на Силекс во квалификациите за Лигата на шампионите со екипата на Карабах.

Пелистер - Академија Пандев 1. коло во Битола 2

Comments are closed.

Web