НОВУС од Струмица организираше работилиници „Од идеја до реализација“

Центар за истражување и анализи НОВУС од Струмица во рамки на проектот „Волонтерство – надеж за иднината“ кој е финансиран од Цивика Мобилитас организираше работилиници „Од идеја до реализација“ во трите општински средни училишта за креирање на волонтерски кампањи кои подоцна практично беа реализирани на терен и истите ќе продолжат и во иднина со крајна цел преку позитивен пример да се поттикне волонтерството и да се обезбеди постојан развој преку јакнење на волонтерското ангажирање и граѓанското учество меѓу младите во решавање на проблемите во општина Струмица.117064866_293450001728777_6519584177105742635_n 117337447_1531493353698581_886647767056677254_n

По завршување на обуките и работилниците тимот на млади од СОУ  Никола Карев ја отпочна кампањата – „Паркирај совесно“ во рамки на која истите изработија информативни флаери и истите се делеа и поставуваа на прозорите на паркираните автомобили со цел подигање на свеста кај граѓаните и решавање на проблемот со големиот број неправилно паркирани автомобили.

Тимот на млади од СОУ Јане Сандански започна со кампања „Стоп за дискриминација“ каде преку информативни флаери, брошури и активности во и надвор од училиштето ќе се борат против дискриминацијата во училиштата.

Тимот на млади од СОУ „Димитар Влахов“ започнаа со кампања „Здравјето пред се“ која започна со поставување на пулт за мерење на шеќер и притисок пред градскиот пазар „Глобал“ а продолжи со делење на информативен материјал за подигање на свеста за опасноста од Ковид 19 и заштита од истиот.

Comments are closed.

Web