Силекс со шест гола ја наполни Беласица среде Струмица

Беласица со дебакл на домашен терен ја започна новата сезона во ПМФЛ, откако на „Благој Истатов“ со високи 0:6 кратовски Силекс запиша убедлива победа. Нашиот претставник во квалификациите за Лигата на шампиони уште една покажа дека има високи амбиции за новата сезона во Првата лига. По убедливиот пораз Беласица е на последното место, додека Силекс е на лидерската позиција. Во следното коло Беласица ќе гостува во Скопје, каде ќе се соочи со Работнички, додека Силекс на домашен терен ќе го пречека Пелистер.

 Беласица - Силекс - 1. коло ПМФЛ во Струмица 2

Comments are closed.