Академија Пандев минимално поразена во Битола од Пелистер

Академија Пандев со минимален пораз од 1:0 од битолски Пелистер, ја отвори новата сезона во Првата македонска фудбалска лига. Битолчани одиграа одличен натпревар, а единствениот гол на натпревар го постигна Анес Хот. Повратникот во ПМФЛ, уште во првото коло покажува дека ќе се бори за некои од високите места на табелата. Во следното 2. коло Академија Пандев ќе го пречека актуелниот македонски првак Вардар, додека Пелистер ќе патува во Кратово, каде ќе се соочи со Силекс.

Пелистер - Академија Пандев 1. коло во Битола 2

Comments are closed.