ФОТО: Екипата, домашниот и гостинскиот дрес на Академија Пандев за сезона 2020/21

Прволигашот Академија Пандев во новата сезона ќе настапува со нови дресови. На социјалните мрежи „пандевци“ ги претставија новите дресови, како и екипата со која ќе настапуваат во новата сезона. Првата лига стартува денес со натпреварот меѓу Вардар и Борец, натпревар кој ќе биде пренесуван на МРТВ, останатите натпревари од прво коло ќе се одиграат утре. Академија Пандев ќе гостува во Битола каде ќе се соочи со Пелистер, Беласица на домашен терен силите ќе ги одмери со Силекс од Кратово, Македонија ЃП ќе игра градско дерби со Работнички, Ренова ќе се соочи со Струга Трим Лум и Шкупи на домашен терен ќе игра дерби со Шкендија. Сите натпревари започнуват во 17:30 часот, без присуство на публика. Натпреварите ќе можете да ги следите онлајн на ТВ платформата на ФФМ, како и по еден натпревар кој ќе биде пренесувам на МРТВ.

Академија Пандев екипа дресови 1 Академија Пандев екипа дресови 2

Comments are closed.